Санчез подготен да чекори по стапките на Роналдо

Чилеанскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Алексис Санчез откри дека сака да чекори по стапките на легендарниот репрезентативец на Бразил, Луис Назарио да Лима Роналдо.

„Кога дојдов на ’Ноу Камп’, клупските челници веднаш ме информираа кои броеви се слободни. Јас сум голем фан на бразилскиот Роналдо. Ја сакав неговата бројка, сакав да имам иста бројка каква што имаше Роналдо кога го носеше дресот на Барселона. Знам дека го носеше дресот со бројот 9 и знам каков успех има постигнато на “Ноу Камп”. Сакам да чекорам по неговите стапки, сакам да бидам успешен како Роналдо”, изјави поранешниот фудбалер на Удинезе кој во актуелната сезона има постигнато 15 погодоци на 21 првенствен натпревар.