Санчез во Ареснал за 40 мил. евра

Според фудбалските медиуми во Шпанија и Англија, лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе излезе како победник во трката по потписот на чилеанскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Алексис Санчез.

Најпознатиот таблоид на Островот, “Сан”, пред неколкку часа ја пласираше сензационалната информација дека шпанскиот клуб ја има прифатено последната официјална понуда на раководните лица на Арсенал.

Неофицијално, популарните “топчии” е потрошат околу 40 мил. евра за обештетувањето на 25-годишниот крилен напаѓач кој се уште ги име договорено личните побарување.

Освен Арсенал, голем интерес за услугите на крилниот напаѓач покажаа и челниците на Јувентус и на Ливерпул, но истите беа подготвени да платат околу 35 мил. евра за неговото обештетување.