Санчез во Баерн (М), Крос во Барселона

На повидок е голема размена помеѓу трофејните европски гиганти, Барселона и Реал (М). Шпанските медиуми пред неколку часа ја палсираа сезнационалната информација дека раководните лица на двата клуба седнале на преговарачката маса со цел да ја договорат размената на репрезентативецот на Германија, Тони Крос, кој би требало да се пресели на “Ноу Камп” и чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез кој би требало да заврши на “Алианс Арена”.

Дозвола за да биде реализирана оваа сензационална размена на фудбалери има дадено и предводникот на баварскиот гигант Пеп Гвардиола кој потврдил дека има потреба од еден таков крилен напаѓач каков е Санчез, додека новиот предводник на Барса, Луис Енрике во Тони Крос гледа идеална замена за шпанскиот ветеран, Чави Херандез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.