Сандерленд го освои и Олд Трафорд

Фудбалерите на Сандерленд се последните кои можат да се пофалат дека сезонава го имаат победено најголемото разочарување во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед.

Саботниот натпревар од 37. коло, одигран на “Олд Трафорд” заврши со минимален триумф на “црните мачки” од 1:0, а единствениот погодок на натпреварот беше дело на шведскиот интернационалец, Себ Ларсон.

За легендарниот велшки интернационалец, Рајан Гигс, ова е прв пораз откако е именува за в.д. менаџер на “црвените ѓаволи”, додека со освоените три бода, Сандерленд е многу блиску до посакуваниот опстанок во елитното друштво.

Резултати: Вест Хем – Тотенхем 2:0, Астон Вила – Хал 3:1, Манчестер Ј. – Сандерленд 0:1, Њукасл – Кардиф 3:0, Стоук – Фулам 4:1, Свонси – Саутемптон 0:1.