Сандерленд очекува чудо и на Стемфорд Бриџ

Пред неколку дена, фенерџијата на првенствената табела, тимот на Сандерленд, го шокираше големиот фаворит во борбата за шампионската титула, тимот на Манчестер Сити, а денеска избраниците на Густаво Појет ќе се обидат да забележат позитивен резултат и во дуелот со вториот фаворит за победничкиот пехар, екипата на Челзи.

Иако веќе во вторник, лондонскиот премиерлигаш го игра првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони против шпанскиот прволигаш Атлетико (М), предводникот на Челзи, Жозе Мурињо потврди дека нема да тактизира со почетниот состав и дека неговите фудбалери имаат обврска да забележат триумф на „Стемфорд Бриџ”.

Од останатите саботни дуели, поголемо внимание ќе привлече пресметката на “Вајт Харт Леин”, помеѓу екипите на Тотенхем и Фулам.
Домаќинот е во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа, а гостинот води грчевита борба за опстанок во елитното друштво.

Денеска на програмата: Тотенхем – Фулам, Саутемптон – Астон Вила, Кардиф – Стоук, Њукасл – Свонси, Вест Хем – Кристал Палас, Челзи – Сандерленд.