Сандерленд запишан во списокот на Ливерпул

Ниту тимот на Сандерленд не се покажа како посериозна пречка за убедливо најпријатното изненадување во актуелната сезона од англиската Премиер лига, екипата на Ливерпул.

Заостанатиот натпревар од 30. коло кој се одигра на „Енфилд” заврши со минимален триумф на „црвените” од 2:1, а прекрасен погодок од слободен удар во финишот од првото полувреме постигна капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард.

Со идентичен резултат, 2:1, заврши првенствената пресметка на “Аптон Парк”, помеѓу екипите на Вест Хем и Хал Сити.