Сандра Булок најдобро платена холивудска актерка

Со заработени 51 милион долари, Сандра Булог се најде на првото место на листата на најплатени актерки за 2014 година на американското списание „Форбс“.

451472-sandra-bullock_2014610121534

Две недели по објавувањето на листата на најплатени актери, на која на првото место се најде Роберт Дауни Џуниор, „Форбс“ објави и список на најплатени актерки и како и секоја година дојде до истиот заклучок дека мажите заработуваат повеќе од жените.

Првите 10 најплатени актери во 2014 година заедно заработиле 419 милиони долари, додека нивните 10 најплатени колешки заедно оставриле приходи од 226 милиони долари.

При составување на оваа листа „Форбс“ разговарал со агенти, продуценти, адвокати и други експерти. Во приходите се вклучени и заработката од филмската индустрија и од рекламните кампањи.

За првото место на листата Сандра Булог треба да му заблагодари на филмот „Гравитација“ од Алфонсо Куароно, кој заработи повеќе од 700 милиони и освои седум оскари.

На второто место на листата на „Форбс“ е Џенифер Лоренс, ѕвездата од филмот „Игра на гладта“, која од јуни 2013 до јуни 2014 заработила 34 милиони долари.

Третото место го зазема Џенифер Анистон со заработени 31 милион долари, пред Гвинет Палтроу со 19 милиони долари, а петтото место го делат минатогодишната лидерка на листата Анџелина Џоли и Камерон Дијаз со по 18 милиони долари. Седмопласирн е Скарлет Јохансон со зарботени 17 милиони, осмото и деветото со сума од по 13 милиони долари им припадна на Ејми Адамс и Натали Портман, а на десетотот место се најде Кристен Стјуарт со 12 милиони долари заработка.