Сандро ќе избира помеѓу Неапол и Рим

Челниците на Рома добија сериозна конкуренција во контроверзниот сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис кога е во прашање потписот на бразилскиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Сандро.

Одличниот играч за врска најави промена на клупската средина и додаде дека му се допаѓа идеата да настапува за клуб кој се натпреварува во италијанската Серија А.

Сопственикот на лондонскиот премиерлигаш, Даниел Леви е подготвен да седне на преговарачката маса, но под еден услов, заинтересираниот клуб да испрати официјална понуда не помала од 9 милиони фунти.