Балкан

Санџачкиот муфтија Зукорлиќ: Никола Тесла бил муслиман!

Санџачкиот муфтија Зукорлиќ: Никола Тесла бил муслиман!

Санџачкиот муфтија, Муамер Зукорлиќ во Рожај рекол дека Никола Тесла пред крајот на животот преминал во ислам и дека коските на еден муслиман не може да се внесуваат во црква.

Видно нервозен заради претресот на црногорската граница и ограничување на престојот во Црна Гора на неговите придружници, Зукорлиќ рече дека големиот научник пред крајот на животот поминал во ислам, пишуваат „Вечерње новости“.

„Неодамна изби тешка расправа околу обидот на СПЦ да ја пренесе урната со Тесла од музејот во храмот на Свети Сава. Доколку продолжат да се караат околу тоа, ќе морам да им кажам дека Никола Тесла е муслиман, бидејќи пред смртта го примил исламот. Според тоа, не можат коските на еден муслиман да се внесуваат во црква“, рече Зукорлиќ.