Саниран автопатот „Александар Македонски“ на потегот од Велес до Градско

Саниран автопатот „Александар Македонски“ на потегот од Велес до Градско

На автопатот „Александар Македонски“ на потегот од Велес до Градско санирани се нерамнините на асфалтот кои претставуваа опасност за безбедноста на возилата, објави МИА.

Увид во градежните активности денеска изврши директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов.

Инвестицијата е вредна 10,3 милиони денари, а за реализација на потфатот беше изработено техничко решение според кое на три локации во двата правци на автопатот се изврши гребење на постоечкиот асфалт до ниво на тампон.

– Беше извршена замена на тампонот  по што следуваше асфалтирање со два слоја на носечки асфалт, завршен слој на асфалт и на крајот се постави хоризонтално обележување, информира јавното претпријатие за државни патишта.