Санирана кулата на Јордан Пиперката во Брезово

Министерството за култура го реализира проектот за санација и конзервација на кулата на истакнатиот македонски револуционер Јордан Пиперката во село Брезово, Демир Хисар.

Со цел заштита на овој значаен објект кој останал сочуван поради својата специфична градба, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола во изминатиот период го реализираа проектот за негова санација и конзервација. Во рамките на заштитните интервенции извршена е санација на севрно-источниот темел, санирани се северниот и источниот ѕид, извршена е реконструкција на натстрешницата и конзервација на влезните партии, а поставен е и нов покрив. При непосредната заштита, а во насока на зачувување на автентичноста на кулата, користени се традиционални градежни материјали и техники карактеристични за тој период.

slika(1)

Според податоците кулатa која за време на илинденскиот период се користела за одбрана на селото Брезово е изградена 1530-тата година, а нејзиното настанување кораспондира со историскиот развој на ова демирхисарско село. Планирано е одбранбената кула внатрешно да се уреди во мал музеј кој ќе биде посетен од домашни и странски гости.