Санирани деформациите на автопатот Александар Македонски

Санирани деформациите на автопатот Александар Македонски

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов денес направи увид во завршувањето на санацијата на деформациите на три локации од делницата Велес – Градско на автопатот  Александар Македонски.

Санирани деформациите на автопатот Александар Македонски
Санирани деформациите на автопатот Александар Македонски

Како што информираат од Јавно претпријатие за државни патишта, поради појавата на поголеми нерамнини (издигнувања)  на асфалтот кои се протегаа попречно по автопатот во двата правци на три локации, неопходна беше санација на истите бидејки претставуваа  опасност по безбедното движење на возилата каде брзината на движење изнесува 120км/ч.

Санирани деформациите на автопатот Александар Македонски
Санирани деформациите на автопатот Александар Македонски

За оваа цел беше изработено Техничко решение за санација според кое на трите локации во двата правци на автопатот се изврши гребење на постоечкиот асфалт до ниво на тампон.  Беше извршена замена на тампонот  по што следуваше асфалтирање со два слоја на носечки асфалт, завршен слој на асфалт и на крајот се постави хоризонтално обележување.

Инвестицијата е во вредност од 10, 3 милиони денари.