Санирани најкритичните места по поплавите во Охрид

Санирани најкритичните места по поплавите во Охрид
Санирани најкритичните места по поплавите во Охрид

По синоќешната координативна средба, министерот за транспорт и врски Мисајловски веднаш ја обезбеди потребната механизација за справување со последиците од невремето. Благодарение на брзата реакција на надлежните служби, општинските јавни претпријатија и „ Македонија пат“  санирани се најкритичните места и состојбата постојано  будно се следи.

Министерот Мисајловски, кој денеска со градоначалникот Бакрачески врши увид во санирањето на последиците од поплавите, вчера потсети дека Владата има обезбедено доволно  нафта за потребите на сите општини за чистење на каналите за одвод на вода и ги повика сите локални самоуправи да спроведат јавна набавка за ангажирање механизација, додека оние што имаат јавни претпријатија веднаш да отпочнат со чистење на речните корита и одводните канали.

popl-1

popl-2

popl-6

popl-3