Санирани неколку улици во општина Бутел

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ги санираа оштетените улици во општина Бутел.

Целосно се санирани улицата „Мрежичка“ во должина од 200 метри за што беа употребени 140 тони асфалт, улицата „Коле Канински“ во должина од 160 метри за што беа употребени 110 асфалт и улицата „Хо Ши Мин“ за што беа употребени 40 тони асфалт. Направена е и комплетна реконструкција на улиците „Зуфир Мусиќ“ и „Љуба Петровиќ“.

– На овие улици целосно е саниран оштетениот асфалтс, а претходно со вкупно со 50 тони асфалтна маса е извршено пополнување на ударните дупки, информира Град Скопје.