Санирани последиците од невремето кое го зафати Скопје

Санирани последиците кои беа предизвикани од вчерашното силно невреме кое го зафати Скопје.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ вчера на терен беа излезени со целокупната механизација и интервенираа со 8 цистерни под притисок, 9 цистерни под вакуум и 1 комбинирана цистерна. Вода се исцрпуваше од подвозникот кај улицата Павел Шатев и од подвозникот на булеварот Србија, а се интервенираше и кај клучката кај хотелот „Континентал“, на улицата Владимир Назор, на улицата 474 кај црквата „Света Петка“ во Црниче и на улицата Мишко Михајловски.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ вчера интервенираа на расчистување на паднати дрвја и гранки на повеќе локации, и тоа две паднати дрвја беа расчистени од раскрсницата меѓу булеварот Борис Трајковски и улицата Народни херои, а две паднати дрвја беа остранети од паркот кај училиштето „Невена Георгиева Дуња“. На улицата Ѓорѓи Сугаре отстрането е едно дрво што паднало врз возило. На повеќе локации низ градот се отстранети и паднати гранки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.