Без вода објекти во близина на Триумфална порта

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје во моментот работат на отстранување на дефект во центарот на градот, кој е настанат поради запушување на фекален колектор профил Ф-1700 милиметри. Станува збор за дефект кој е настанат вчера изутрина во близина на Триумфалната порта, каде дојде до запушување на самиот колектор.

Почнувајќи од вчера, екипите на ЈП Водовод и канализација-Скопје, со сите свои расположливи ресурси, градежна машинерија, вакум, цистерни и друга опрема за отпушување, непрекинато работат на отстранување на дефектот и отпушување на тој дел од колекторот. Во моментот се работи на отпушување на истиот колектор на улица Кочо Рацин кај Црвениот крст.

Причината за запушување на самиот колектор се поставените кабли од страна на операторите кои заедно со неразградливиот отпад (влажни марамчиња, влошки и тн.) кој граѓаните го фрлаат во своите веце школки, претставуваат проблем поради кој неможе отпадните води да бидат одведени, односно доведува до нефункционирање на самиот канализационен систем.

„Затоа, апелираме за внимание при фрлањето на отпадоци кои директно доаѓаат до канализационата мрежа, како и внимателно поставување на нови инсталации од страна на операторите,“ велат од Водовод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.