Сања од Емирати се сели на Итихат

Репрезентативецот на Франција, Бакари Сања, најверојатно дресот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, ќе го замени со тој на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.

Офанзивниот десен бек за неколку дена ќе има статус на слободен фудбалер, а преговорите околу новиот договор пропаднаа во истиот момент кога челниците на Арсенал потврдија дека нема да му понудат неделна плата од 120 илјади фунти.

За разлика од тие на Арсенал, сопствениците на Манчестер Сити пред неколку дена го информирале агентот на Сања дека неговиот клиент има отворена понуда за 2-годишна соработка, понудениот договор му ја гарантира посакуваната неделна плата од 120 илјади фунти.

Доколку се пресели на “Итихат”, репрезентативецот на Франција повторно ќе соработува со поранешните тимски колеги Самир Насри и Гаел Клиши.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.