Сања се збогува со Арсенал

Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Бакари Сања, најпосле собра храброст, јавно да изјави дека ќе ја смени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Офанзивниот десен бек за неколку дена ќе има статус на слободен фудбалер, а најверојатно, во новата клупска сезона ќе го носи дресот на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.

“Веќе не станува збор за никаква тајна. Сега е сигурно, ќе си заминам од редовите на Арсенал за време на летниот преоден рок. За жал, преговорите околу новиот договор не се одвиваа во посакуваната насока, понудените услуви не беа прифатливи. Знам дека има многу шпекулации околу мојата иднина. Можам да потврдам дека јавноста ќе биде запознаена со мојата следна дестинација пред стартот на престојниот Мундијал во Бразил”, изјави Сања.