Сања води војна со фановите на Арсенал

Најновата аквизиција на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Бакари Сања призна дека не му е јасно зошто најверните фанови на Арсенал го дефинираат како фудбалер кој мисли само на пари.

“Сакам еднаш за секогаш да ја разјаснам оваа ситуација околу мојот трансфер во редовите на Манчестер Сити. Постојано читам дека сум лаком за пари, дека сум фудбалер кој мисли само на пари. Сакам да испратам една порака до фановите на Арсенал. Последниот договор го потпишав во 2008 година и од таа година, до 2014 година не побарав нов договор, не побарав поголема плата. Никогаш не сум побарал повеќе пари. Јас сакав промена, сакав нова средина, не дојдов во Сити поради повеќе пари. Имав потреба од нова авантура, сакам да освојам уште некој трофеј во мојата кариера”, изјави репрезентативецот на Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.