Санкции за најблиските соработници на Владимир Путин

Европските  дипломати постигнале прелиминарен договор за листата на личности вклучувајќи ги и соработниците на рускиот претседател Владимир Путин и компнаиите, чиишто имоти ќе бидат замрзнати во склоп со заострувањето на санкциите кон Русија заради делувањето во Украина, изјавиле денес тројца неименувани европски дипломати.

Новата листа на имиња ќе биде објавена денес или утре како доплнување на листата накоја веќе се наоѓаат 87 личности како и 20 организации кои се предмет на санкции на Европската Унија, пренесе Ројтерс.

Тројца европски дипломати, кои барале да не бидат именувани, изјавиле дека не можат да зборуваат за деталите, но дека станува збор за личности и компании кои ја поддржуваат или имаат корист од дестабилизацијата на Крим и неговата руска анексија.

Западот ги заострува санкциите кон Москва, обвинувајќи ја Мосва дека продолжува со снабдување на проруските силиво Украина со оружје.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рекол дека санкциите кон Русија нема да ја постигнат својата цел и дека нивниот резултат може да биде економски уште понезависна Русија.

Што се однесува до Крим, шефот на руската дипломатија рекол дека тој е дел од Русија и дека со никого нема да разговара за статусот на тој полустров.