Санкциите против Русија се закана за работните места на Британците

Европските санкции против Русија се закана по работните места за Британците, изјави денеска директорот на британскиот произведува на градежна опрема JCB, Ентони Бамфорд за британски „Телеграф“.

Острите санкции на Европа против Русија, Бамфорд го нарече апсурд бидејќи според негово мислење, ќе им наштетат на компаниите кои соработуваат со руските партнери.

„Русија е важна земја за JCB повеќе од 30 години. Доколку санкциите ги ограничат на продажба на машини и резервни делови, тоа ќе има големо влијание врз нас, загрозувајќи над стотина работни места на Британците, “ изјави Бамфорд.

Во септември минатата година, JCB во Русија отвори најголем продажен центар вреден шест милиони фунти.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд исто така изрази загриженост поради економските санкции против Русија. Според него, истите би имале сериозни последици по британската економија, на која Русија и е 14 најважен економски партнер.