Македонија,Крими хроника

Санкционирани 307 возачи во Скопје, 49 возеле пијани

Санкционирани 307 возачи во Скопје, 49 возеле пијани

За време на викендот, скопската полиција спроведе зајакната сообраќајна контрола при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 307 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Според информациите од полицијата кај 49 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 31 лице управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, а без возачка дозвола управувале 21 возач.

Потоа кај 25 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 23 возачи управувале возила со над дозволената брзина од кои 20 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Истотака  изречени се четири прекршоци за некористење на сигурносен појас, 14 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 13 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 39 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, а за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се осум прекршоци. За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се седум прекршочни пријави, за непрописно престигнување изречен е еден прекршок, за непрописно престројување изречени се 3 прекршоци и со пајак службата подигнати се вкупно 42 возила.