Санкционирани 991 учесник во сообраќајот

СВР-Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 991 учесник во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 39 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 91 лице управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 56 возачи, a кај 17 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Исто така 62 возачи управувале возила со над дозволената брзина, 34 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место, а изречени се 39 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 35 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 29 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин.
Покрај ова изречени се 363 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се пет прекршоци, за непрописно престројување изречени се осум прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 89 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се 18 прекршоци, за недавање првенство на минување изрешени се два прекршока а со пајак возило подигнати се вкупно 334 возила.

Од страна на Отсекот за Превенција при Единицата за БПС при СВР-Скопје на во текот на минатата недела во ПС„Гази Баба“спроведена е сообраќајна поука за учесниците во сообраќајот што направиле прекршоци по разни основи: управување на ПМВ со над дозволената брзина, некористење на сигурносен појас, користење на мобилен телефон при управување на ПМВ, прекршоци што ги чинат пешаците и други прекршоци. Од поканети 47 прекршители присуствувале 36 прекршители.

СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.