Санкции против Лондон, ако воведе нови ограничувања за Романците и Бугарите

Лидерот на романските европратеници од Социјалдемократската партија Каталин Иван, изјавил дека тие ќе побараат строги санкции против Велика Британија, ако воведе дополнителни мерки кои ќе го попречат пристапот на Романци и Бугари до нејзиниот пазар на труд, пренесуваат локалните медиуми.

„Ќе следиме внимателно дали ќе има нови мерки воведени од владата на Велика Британија во однос на пазарот на трудот, што ќе го отежнуваат пристапот на работници од Источна Европа, и ќе се обратиме до Европскиот парламент и Европската комисија. Било која друга мерка, воведена од 2014 година ќе претставува кршење на договорите и ќе ја постави Велика Британија надвор од ЕУ“, изјавил Иван.

Романскиот европратеник додал дека воведувањето на слични дополнителни мерки од први јануари 2014 година ќе доведе до остра реакција во Европскиот парламент од страна на претставниците на романската Социјалдемократска партија.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, најави минатиот месец серија на мерки за затегнување на условите за пристап до британската систем за социјална помош за мигранти од ЕУ, поради загриженоста дека Романците и Бугарите ќе го злоупотребуваат британскиот систем за социјална помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.