Анализи

Анализа на престижниот Виенскиот институт за меѓународни студии Шанси за влез во ЕУ до 2025. имаат само Србија и Црна Гора, и тоа мали

Шанси за влез во ЕУ до 2025. имаат само Србија и Црна Гора, и тоа мали

Најавата на Европската комисија дека земјите од Западен Балкан во Европската унија може да се приклучат во 2025 година е премногу оптимистичка, тврди познатиот Виенскиот институт за меѓународни студии (WIIW). Во најновата студија на WIIW се предупредува дека во случајот 2025 година е „многу амбициозно, best case сценарио” за прием на нови членки од Југоисточна Европа. Против можноста земјите од Западен Балкан да го фатат и тој воз за влез во ЕУ, сметаат од Виенскиот институт, е бројот на нерешените проблеми во регионот, и политички и економски, но и значителен пад на ентузијазмот за нови проширувања нво самата Унија.

Целта, влезот во 2025 година е премногу амбициозна работа, а очигледно е дека тоа нема да биде случај за некои земји од регионот. Сепак, таквата цел може и треба да послужи како моќен поттик за владите во земјите од Западен Балкан да ги забрзаат реформите” , се проценува во студијата WIIW, која се појавува во моментот на самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија.

Сепак, од Виенскиот институт велат дека целта на пристапувањето во ЕУ во 2025 година не е недостапна за најмалку две земји во регионот. Тоа се Црна Гора и Србија, кои веќе започнаа преговори за членство во Унијата.

Иако шансите им се веројатно многу помали од 50 отсто, не можеме целосно да ја отфрлиме можноста Црна Гора и Србија да се приклучат на блокот до 2025 година или малку после тоа, се вели во студијата.

Како главна пречка за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ до 2025 година се наведуваат политичките конфликти кои продолжуваат да тлеат во регионот и претставуваат пречка за поголемо економско поврзување на земјите во регионот. Предупредуваат и за големите буџетски дефицити на државите, како и недостигот на инфраструктура, која би ја подобрила конкурентноста и трговијата меѓу земјите.

Тие истакнуваат дека индустријата има изгубено големо значење во економиите на Западен Балкан, што претставува пречка за раст на продуктивноста, зајакнување на иновациите и зголемување на вработеноста. Сите овие проблеми се рефлектираат во шансите земјите во регионот да влезат во ЕУ.

Покрај тоа, WIIW предупредува дека ентузијазмот на ЕУ за понатамошни проширувања значително се намалил. Укажуваат и на проблемите кои некои од земјите во регионот ги имаат со земјите-членки. Иако не е прецизирано за кои точно земји станува збор, јасно е дека тоа се однесува на односите меѓу Србија и Хрватска, која е членка на ЕУ. Но постојат и други проблеми, како што е статусот на Косово, кое е дел од земјите членки на ЕУ – како впрочем ниту Србија – се ‘уште не го признаваат како независна држава, или, пак, името на Македонија, што е голема пречка во односите меѓу Скопје и Атина.

Конечно од Виенскиот институт забележуваат дека преку Западниот Балкан се преплетуваат политичките и економски интереси на разни сили. Може да се рече дека Западен Балкан стана место на конфликтот меѓу ЕУ, Русија, Турција и Кина, а не треба да се заборави ниту влијанието на САД. Влијанието на други сили во регионот може да се зголеми во иднина, велат од WIIW, а ова особено се однесува на влијанието на Кина. Отворено е прашањето и како тоа ќе влијае на шансите земјите од регионот да влезат во ЕУ.