Сантос реизбран за претседател на Колумбија

Хуан Мануел Санто победи на најдраматичните претседателски избори во Колумбија одржани досега, пренесоа медиумите.

Освои приближно 51 отсто од гласовите и го победи неговиот противник од десното крило Оскар Иван Зулага, кој освои 45 отсто од гласовите.

Дописниците велат дека неговата победа се гледа како отворена врата за продолжување на мировните преговори со лево ориентирата група бунотвници Револуционерните Вооружени Сили на Колумбија (Revolutionary Armed Forces of Colombia – FARC) .

Сантос неодамна отпочна прелиминарни мировни преговори и со уште една помала група National Liberation Army (ЕЛН), и изјави дека народот на Колумбија гласал за мир, пишува Ројтерс.

Зулага дека ќе ги прекине преговорите освен ако бунтовниците не прекинат со сите дејствија на непријателство.

Сантос (62) ќе биде инаугуриран во август за нов четиригодишен мандат.

“Ова е генерација на мир. Милиони Колумбијци избраа надеж наместо страв“ рекол Сантос во обраќање кон новинарите.

Приближно 48 отсто од 33 милиони Колумбијци гласаа на овие избори.

И покрај грижите на Колумбија за високата стапка на криминал и невработеност, кампањата беше фокусирана на мировните преговори отпочнати од Сантос во ноември 2012 година.

_75546047_022712849-1

Преговорите се одржуваат во Куба со цел да се заврши кофликтот кој трае пет декади.

Сантос очекува договорот да биде потпишан при крајот на оваа година, такашто Фарк ќе се откажат од вооружената борба и ќе се вклучат во легалните политички процеси.

Владините преговарачи и лидерите на бунтовниците одржаа неколку рунди преговори во главниот град на Куба, Хавана.

Се согласиле околу три точки на егендата зацртана во 2012 година- реформи на земјата, идна полиѕичка партиципација и движење на дрогата, која е главен извор на средства на бунтовниците.

Уште други три точки остануваат да бидат предмет на преговорите – правата на жртвите, разоружувањето на бунтовниците и имплементацијата на договорите, пренесува Би-Би-Си.