Сапиосексуалци – „се палат“ на мозок

Сапиосексуалци се најновиот тренд кој владее на на интернет откако на изгледот daddy bod – стомак без плочки му помина популарноста.

Според новиот тренд, луѓето кои не се во форма ( и не можат да ги затрупуваат социјалните мрежи со нивните плочки на стомак) се викаат сапиосексуалци и се „палат“ на своите ментални квалитети кои ги сметаат  за основа на нивната атрактивност.

Навистина, различни истражувања покажаа дека интелигенцијата е секси и кај мажите и кај жените, но сегашниот тренд наметнува водење длабокоумни дебати кои на крајот треба да доведат до секс, наместо фотографии на набилдани  тела.

Кованицата сапиосексуалност се појави уште минатата година и Билд објави дека треба сите добро да ја запомнат затоа што означува привлечност на интелегенција, што ќе стане нов тренд.

Изгледа дека се во право – метросексуалците веќе сите ги заборавивме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.