Шапуриќ ја посети Комората на овалстени архителкти и инженери

На покана на претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Миле Димитровски, во петокот се одржа работна средба со министерот Зоран Шапуриќ.

На состанокот присуствуваа околу четириесетина инженери, членови на Комарата, кои го запознаа министерот Шапуриќ со проблемите со коишто се сретнуваат при извршување на нивната дејност, изразија благодарност за посетата но и очекувања за натамошна соработка.

Шапуриќ истакна дека членовите на Комората имаат активна улога во процесот на инвестирањето во државата преку проектирање, ревизија на проекти, вклучување во сите фази на изведбата и надзорот, како финален елемент на инвестирањето.

Исто така, тој напомена дека определбата Владата е интерактивната комуникација со сите структури на бизнис секторот, со цел создавање на бизнис клима која ќе ги изедначи домашните инвестиции со странските. Во оваа насока ќе се направат реформи во регулативата која се однесува на овие области.

Притоа, ќе биде поттикнувана изградбата на индустриски објекти од домашни инвеститори коишто ќе создаваат производи наменети за извоз, кои ќе претставуваат супституција на увозот, што би довело кон намалување на надворешно-трговскиот дефицит. Развојот на индустријата ќе се води во насока на решавање на проблемите во животната средина со што покрај економски ќе се создаваат и еколошки бенефити за земјата и граѓаните.