Сара Брајтман ќе лета во Вселената

Славниот британски сопран Сара Брајтман е осмата туристка и прв професионален пејач која со рускиот „Сојуз“ ќе отпатува во земјината орбита.

Брајтман патувањето го платила 50 милиони долари, соопшти американската компанија „Спејс Адвенчр“, која го организира патувањето.

Како што јави ТАСС, деновиве Брајтхам допатува во Русија на деветмесечен тренинг, но неговиот старт е одложен за да може пејачката да се прилагди на студот.

Со италијанскиот тенор Андреа Бочели, Брајтман во 1996 година ја сними песната „Time to Say Goodbye“, која стана евергрин и е на врвот на европската музичка скала.

Таа имаше чест и двапати да учествува на свеченото отворање на Олимписките игри, првпат во Барселона кога со легендарниот Хозе Карерас ја испеа „Amigos Para Siempre“, а 16 години подоцна во Пекинг со кинеската пејачка Ли Хуан ја изведе песната „You and Me“,

Од 2012 година Брајтман е амбасадор на мирот на УНЕСКО.