Сараевчанка преку Фејсбук го бара таткото на нејзиното бебе

Профилот „Spotted: Sarajevo“ на Фејсбук им помага на сараевчаните да разменуваат информации, да запознаваат други луѓе и да се дружат.

Меѓутоа, пред четири дена на овој профил се појави статус на една сараевчанка која преку Фејсбук реши да го пронајде момчето со кое останала бремена и родила вонбрачно дете.

– Би сакала само да го поздравам Кемал Х. и да му кажам дека не е фер што се крие од мене и што ги променил броевите. Би сакала и да му кажам дека родив ќерка и не жалам поради тоа. А тоа што тој зборува дека станувало збор само за летна шема, не е во ред, напиша таа.

Сааревчанката објаснува дека Кемал го запознала на Борачко Езеро каде била со група извидници.

Нејзиниот статус предизвика голем број коментари. Некои ја навредуваа, додека други ја советуваа да остане храбра.

– Девојко, игнорирај ги овие тажни и навредливи коментари, подобар од тебе сигурно нема да те навредува. Некои луѓе немаат доволно развиен мозок за да сфатат некои работи. А на Кемал Х. му порачувам: „Сега да ја прифатиш одговорноста, немој да бидеш нечовечен. Слушај „летна шема“! Ха, ха, ха. Тогаш се уште си бил дете за да знаеш што е шема, тоа е се, само не да правиш дете, напиша една девојка.