Балкан

Сараево: Деца од градинки масовно заразени со салмонела

Сараево: Деца од градинки масовно заразени со салмонела

Првичните резултати на анализата на Службата за макробиологија укажуваат дека децата од сараевските градинки се заразени со салмонела, како што и претходно се претпоставуваше, пренесува Танјуг.

Според првичните информации на Клиниката за инфектологија биле прегледани 121 дете за кои што се претпоставувало дека се затруени со храна, а 35 досега се хоспитализирани со зголемена телесна температура, дијареја и повраќање.

Како што тврдат од клинкиката, состојбата на децата е стабилна, и оотаму потсетуваат дека првичните тегоби кај децата се појавиле во понеделникот, откако за ручек имале тестенина со павлака и јајца.

Засега е потврдено дека децата што биле примени на клиниката се од четири од вкупно 29 градинки и јавни установи во Сараево.