Сарај, Бутел, Ѓорче Петров утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од неколку скопски општини.

Ова се улиците и општините каде утре нема да има струја:

• во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец, ( општина Сарај ),
• во време од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул.Петар Манџуков, ул.Бутелска, ул.Коле Калински, ул.Марко Крале, ул.Пребондова, ул.Мостарска (општина Бутел)
• во време од 09:00-12:00 часот корисниците од ул.Гарсија Лорка(општина Шуто Оризари)
• во време од 06:15-07:30 часот корисниците од Макпетрол, Вичишки, Бунар Белви, Фудбазер, ДХЛ, Ванекс, дел од Илинден, Белимбегово, Белви, Чеза, Оптима и Фарма прима (општина Илинден)
• од 13:00-15:30 часот корисниците од ул.Арсо Мицков (општина Ѓ.Петров)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.