Сарај, Ѓорче, Аеродром, Центар и Бутел утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре, среда, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Ѓорче Петров, Аеродром, Центар и Бутел.

Ова се временските периоди, улиците и населените места каде ќе нема струја:

• во време од 07:00 до 16:00 часот дел од корисниците од селата: Бојане, с.Орашје, с.Долно Свиларе, с.Горно Свиларе, с.Копаница, с.Кондово, с.Рашче, с.Радуша, ( општина Сарај), нас.Веле Поле, с.Кучково, с.Грачани (општина Ѓорче Петров)
• во време од 12:30 до 15:30 часот дел од корисниците од Бул. АСНОМ згради број 16, 18 и 24 . (општина Аеродром)
• во време од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците од ул. Тодор Александров, Партение Зографски, Питу Гули, Ацо Караманов. ( општина Центар )
• во време од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците од улиците: Александар Бујнов, Петар Манџуков, Симче Настевски, Натаниел Кучевишки. ( општина Бутел )