Сарај и Бутел утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре, 12 август без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел и Сарај.

Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците: Алекса Дундиќ, Мара Мажуречка, Алпи, Ферид Бајрам, Христијан Тодоровски Карпош, Александар Турунџиев, Рокомија и Кучевишка Бара во општина Бутел.

Во периодот од 09.30 до 15.00 часот, корисниците од селата: Раовиќ, Ласкарци и Паничари, како и дел од корисниците од село Буковиќ во општина Сарај.