Сарај и Гази Баба утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре, вторник, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај и Гази Баба.

Ова се улиците кои нема да имаат струја:

• во време од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Дворце, селата: Орашје, Бојане, Чашка, Веле Поле, Кучково, Грачани, Копаница, селата Долно и Горно Свиларе, село Кондово, село Рашче и село Радуша. (општина Сарај) и
• во време од 09.00 – 09.45 часот потрошувачите од ул. Гемиџиска (о. Гази Баба).