Сараќини и Костадиновски ќе информираат за мерките со кои што се олеснува бизнис климата во Македонија

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, утре во 11 часот, ќе го посети Централниот регистар на Македонија. Тој заедно со директорот на регистарот, Ванчо Костадиновски, ќе информираат за преземените мерки за олеснување на бизнис климата во Македонија, кои што главно се внесени во донесените законски решенија на Законот за трговски друштва и Законот за едношалтерски систем, а во насока на спроведување на препораките на извештајот “Doing Business“ на Светска банка  за  подобрување на деловната клима.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.