Сараќини на средба со Советот на странски инвеститори

Министерството за економија и Советот на странски инвеститори ќе организираат средба на која странските инвеститори во земјава ќе можат да го претстават планот на активности во наредниот период, а воедно и да предложат начини за продлабочување на соработката со домашните инвеститори во државата. На средбата ќе биде презентирана и Стратегијата на Југоисточна Европа 2020, која е од големо значење за побрза интеграција на Република Македонија во Европската унија.

На работната средба ќе учествува министерот за економија Ваљон Сараќини, претседателот на Советот на странски инвеститори Хуан Педро Хименез Наваро, потпретседателите Вернер Хенгст и Џатин Такер и претставници на странските инвеститори.

Работната средба ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија.