Сараќини на средба со турски инвеститори заинтересирани за вложување во земјава

Министерот за економија Ваљон Сараќини од денеска ќе престојува во Истанбул каде што ќе ќе има средби со турски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Македонија.

Во фокусот на презентацијата на министерот Сараќини ќе бидат актуелните проекти во енергетиката и минералните суровини, за кои бизнисмените од оваа земја пројавуваат најголем интерес, соопшти Министерството за економија.