Македонија

Сараќини: Нема да дозволам да се руши мојот и кредибилитетот на вработените во Министерството

Сараќини: Нема да дозволам да се руши мојот и кредибилитетот на вработените во Министерството

Министерот за економија Ваљон Сараќини ги осуди паушалните обвинувања за вработените во Министерството за економија на Република Македонија, од страна на Демократската партија на Албанците.

„Нема да дозволам да се руши ниту мојот личен кредибилитет ниту пак кредибилитетот на вработените во Министерството за економија, со паушални и популистички обвинувања. Доколку ДПА поседува докази за одреден вработен кој делувал надвор од законот, ги повикувам доказите да ги достават до надлежните институции, по што ќе се постапи согласно законот. Доколку има таков случај тој мора да се расчисти и истиот да се санкционира, а во спротивно доколку се работи за популистички изјави се прават недаминливи штети на репутацијата на сите вработени во оваа институција кои чесно си ја вршат својата работа“, истакна министерот Сараќини.

Министерот Сараќини најави и приватна тужба доколку продолжат неоснованите нападите против него.

Министерството за економија е фокусирано на реализација на проекти кои потикнуваат економски развој кои носат бенефити за граѓаните. Податоците од сите сектори се во ресор на Министерството за економија покажуваат раст, што е јасна потврда за постигнатите резултати во  на полето на економијата. Растото во секторите, рударство, индустрија, туризам, претприемнишво, енергетика и трговија се наоѓаат во официјалната статистика и се потврда за добрите економски политики и посветеноста на администрацијата во нивно реализирање, а во функција на реалниот сектор и секако на граѓаните.