Сардинија: Уапсени 18 луѓе поврзани со Ал Каеда

Осумнаесет луѓе се уапсени во голема операција на италијанската полиција против терористичка организација инспирирана од Ал Каеда која поддржува напади против пакистанската Влада и американските сили во Авганистан.

Полицијата смета дека дел од осомничените се одговорни за нападот врз пазар во Пешавар во Пакистан во 2009 година во кој загинаа повеќе од 100 луѓе, пренесува МИА.

Полициската акција била фокусирана на Сардинија, но опфаќа седум италијански покраини. Утврдено е дека двајца биле дел од група која го штитела лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен.