среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Шарена парада со мирис на федерализација

revo-640x360

Поврзани вести

Oткако Едмонд Адеми не измаршира сите, оти не сме биле доволно политички зрели, ние Македонците, да посакаме, односно да прифатиме Албанец за премиер, како на црно бел телевизор забрзано се врати филмот со боењето на спомениците и новите градби на дел од институциите, пишува Лидер.

Шарената револуција, која повеќе личи на марш на различностите во организација на ЛГБТ отколку на граѓански отпор, ги скрнавеше со ред сите позначајни нови градби во Скопје кои му дадоа нов лик на градот, му обезбедија прилив на туристи и тој конечно доби споменици како сведоштво на историјата на народите кои живееле на овие простори. Од Триумфалната порта, преку спомениците на  плоштадот и лавовите на мостот Гоце Делчев, до зградата на МТВ изградена во зенитот на комунизмот, ги размачкаа и ги нагрдија протестирајќи демек против “режимот“. И тука стигнуваме до главното прашање, всушност се повеќе:

Како револуционерите кои во се помал број шпартаат низ градот го заборавија Скендер бег и другите споменици на албанските херои не само од НОБ туку и од УЧК? Дали тоа шарените соросоидни револуционери му се додворуваат на албанскиот фактор во земјата? Што со тоа, политичките покровители на “Протестирам“ од СДСМ сакаат да и кажат на ДУИ па на ваков начин му намигнуваат на Али Ахмети? Финансиските покровители на шарената парада низ Скопје, Сорос има главен збор кога се утврдува агендата за протести, рутата па дури и песните што ќе се пеат и кој каде да зборува. Ама и СДСМ има право на глас.

Има повеќе логични одговори на погоре поставените прашања. Изберете кој вам ви личи најсоодветен.

1.Спомениците на албанските херои не се скрнават затоа што меѓу револуционерите секој ден има завидна бројка на албанци, без нив, нашиве немаат кворум ни за обичен синдикален состанок, камоли за револуција.

2.СДСМ се надева дека на власт ќе дојде со голема помош на Али Ахмети и неговата партија па мора да ги селектира спомениците кога тргнува во поход за нивно сквернавење

3.Сорос забранил да се бојат спомениците преку Вардар.

Овие одговори пак го наметнуваат прашањето кои концесии ги нуди СДСМ за возврат?Еве дел од логичните одговори:

1.За СДСМ не е проблем, напротив за нив е сосема соодветен начин за излез од кризата, на чело на Владата да дојде политичар од албанските партии. Ова е потвдено со повеќе факти. ( За Албанец премиер јавно зборуваат нивните знаменосци по телевизии и пред амбасадори, лани во кампот пред Владата, кој патем имаше помалку шатори и луѓе отколку авоткампот Крани во најлошите сезони, побројни беа албанксите знамиња и знамињата на ЛГБТ од тие на СДСМ).

2.Член на највисокото партиско раководство на СДСМ ни држи лекции за космополитскиот Лондон кој избрал градоначалник муслиман и му се гади од тоа што мнозинството од најбројниот народ што живее во Македонија сака, логично, прв човек на Владата да биде Македонец.

Eпилогот од оваа шарена парада неможе да  биде поволен за државата. Откако ги избербатија сите институции една по една и ја клекнаа државата на колена резултатот се наѕира. Не е проблем “режимот“, политичарите доаѓаат и заминиваат, партиите се менуваат. Проблем е што Македонија веќе неможе да биде држава каква што беше пред да почне процесот на разнебитување, од “бомбардирањето“ со снимени телфонски разговори се до истурањето бои по спомениците и институциите. Сево ова мириса, море корне на  федерализација на државата или (ако сме мудри и имаме среќа) некој друг помалку радикален облик на концесија за втората мнозинска заедница во Македонија. СДСМ и Сорос со  бајракот на “шарената парада“ и се е можно.

Најчитани вести