Шарената револуција е одговорност, бојкотирам е неодговорност

Шарената револуција е жед за ОДГОВОРНОСТ во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога пофрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров, правејќи паралела со движењето Бојкотирам.

„Бојкотирам е повик за НЕОДГОВОРНОСТ, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница.

Да се размислува за некакви паралели меѓу нив е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина …“, напиша Димитров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.