‘Шарените’ му го вртат грбот на Заев

Албанците ликуваат на одлуката на Зоран Заев да го постави Талат Џафери за претседател на македонското Собрание, кој уште на првиот ден од влегувањето во Кабинетот постави две албански знамиња, меѓутоа исторемено на претедателот на СДСМ му пристигнуваа пораки од неговите довчерашни поддржувачи.

Албанското знаме отсега ќе стои во претседателскиот кабинет во Собранието. Ваквиот потег на Џафери наиде на одушевување, победничко расположение и задоволство поради постигнатиот „успех“ благодарение на предавството на Заев.

Меѓу првите кој изрази задоволство од ова беше портпарлот на тетовската градоначалничка Теута Арифи, Арменд Фазлиу.

Наспроти „лајкувањата“ од Албанците, со потегот на Џафери дури и на отворените поддржувачи на СДСМ и учесници во протестите на „Шарената револуција“ им станува јасно дека ова е само почеток на предавството кое Заев и го направи на сосптвената држава само за да дојде на власт и покрај поразот на изборите, констатира Курир.

„Талат Џафери влезе во кабинетот на Претседателот на Собранието. И на маса го стави прво албанското знаме. Заев, ти и твоите за ова се борите цело време? Нели рече дека уставниот поредок ќе се почитува и македонските симболи? Ова е за тебе ‘бољи живот’, провокации и уривање на соживот со туѓи знамиња? Пошто јас не гласав за албанско знаме во законодавниот дом и за пеење на албанска химна. А, и многу други ‘шарени’. Ти можеш и влада да направиш во парк или кај тебе дома, али само месец-два ќе ти трае. Тоа од авион се гледа. На следни избори, локални, еден голем шипак ќе добиеш“, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска – Јоци.