Наркобосот Шариќ осуден на 20 години затвор

Наркобосот Шариќ осуден на 20 години затвор

Судот во Србија му изрече казна затвор во траење од 20 години на наркобосот Дарко Шариќ.

Шариќ е обвинет за криумчарење на 5,7 тони кокаин од Латинска Америка во западна Европа. Одлуката беше соопштена без присуство на Шариќ и неговиот адвокат кои најавија тужба за пресудата.

Повеќегодишни казни добија и други членови од групата која криумчарела дрога.