Саркози: Нема место за Анкара во ЕУ, ниту во историска, ниту во економска смисла

Нема место за Анкара во ЕУ, ниту во економска, ниту во историска смисла, Турција е помалку европска земја од Русија, рече поранешниот француски претседател и лидер на главната опозициска партија Никола Саркози, во ексклузивно интервју за каналот иТеле пренесува „Раша Тудеј“.

Турција е во Мала Азија. Жалам што ќе речам, Турција е голема земја, голема цивилизација но таа е мост помеѓу Азија и Европа. На Турција не и е местото во ЕУ, секогаш сум држел до овој став што се заснова на општата смисла. Тоа не значи дека имам нешто против Турците. Ни требаат, тие се наши сојузници во НАТО. Но ако почнеме да објаснуваме – дека Турција е во Европа – учениците во Европа ќе треба да почнеме да ги учиме дека границите на Европа се во Сирија. Каде е смислата?, прашува Саркози.

Тој нагласи се дека е против тоа Анкара да се приклучи кон ЕУ не само затоа што е толку далеку од Европа по дефиниција, туку и поради начинот на кој тамошните власт ги третираат новинарите и Курдите.

Не е само тоа. Која е идејата зад Европа? Европа е унија на европските земји. Прашањето е мошне едноставно, дури и во географска смисла, дали Турција е европска земја? Турција има само еден брег на Босфорот во Европа. Дали Турција може да се гледа како европска земја културолошки, историски и економски? Ако кажеме дека е така, тогаш ја посакуваме смртта на ЕУ. Од таа точка на перцепција, ако говориме за пристапот на Турција во ЕУ, дозволете ми да кажам дека на многу начини Русија е поевропска од Турција, вели Саркози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.