Саркози повторно на распит

Поранешниот француски претседател Никола Сакрози повторно е денеска на распит во рамки на истрага за сомневања за финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година од Либија за време на Моамер Гадафи, јави АФП.

Саркози пристигна околу осум часот во канцеларијата на антикорупционерите во Нантер, близиу Париз заедно со адвокатот. Распитот му беше прекинат синоќа околу полноќ.