четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Саркози: Шенгенот не постои, сакам Франција да не се поплави од бегалци

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој води кампања за да биде избран за кандидат на неговата конзервативна партија Републиканците за претседател на Франција на изборите во 2017 година, се заложи за „строга политика кон мигрантите“, оценувајќи дека Шенген зоната „повеќе не постои“.

images

Поврзани вести

 

– Сака да избегнам Франција да биде поплавена од бегалци, рече Сралкози.

Аналиитчарите оценуваат дека овие и претходните изјави на Саркози за тоа дека и на натурализираните Французи „предци им се Галите“, само покажуваат дека во десницата се води жестока и отворена кампањата за изборот на кандидат за француски претседател.

Од Кале, каде според проценките има околу 10 до 12 илјади мигранти, Саркози се заложи за „систематска контрола на сите граници, со цел Франција де не биде поплавена од мигранти“.

Саркози, кој во 2003 година како министер за внатрешни работи се договори со Велика Британија за поместување на британската гранична контрола на француска територија во Кале, сега смета дека за овој договор треба повторно да се преговара, бидејќи „Французите немаат за цел да им бидат цариници на Англичаните“.

Запрашан за начинот на кој може да се реши прашањето со мигрантите во Кале, Саркози се заложи за систематска контрола на границите, потенцирајќи дека „Шенгенот повече не постои“.

Тој ја обвини државата дека не ги исполнува своите надлежности во Кале и тврди дека ако биде повторно избран за претседател на Франција ќе го реши проблемот во текот на 2017 година.

Според него во мигрантскиот камп „Џунгла“ во Кале има два вида на население, тие кои сакаат да заминат во Велика Британија и тие кои сакаат да живеат во Франција. Според него, за првите е потребено да се направи сместувачки центар додека се разгледуваат нивните барања за влез во Велика Британија, додека секој од ние вторите, кој не поднел барање за азил или добивање статус на политички бегалец во Франција, ќе биде протеран.

Најчитани вести