Саркози сослушан на суд во Париз

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска е сослушан пред судот во Париз, а тројца негови соработници се приведени, во рамки на аферата за илегални парични средства што наводно ги користел за време на претседателската кампања во 2012 година.

Поранешниот претседател на Унијата за народно движење Жан-францис Копе, исто така, е под истрага поради сомневање дека ја злоупотребил службената позиција, прнесува МИА.

Утринава се приведени и тројца блиски соработници на Саркози за време на неговата претседателска кампања, кои се осомничени за издавање на лажни сметки

Истрагата откри дека за претседателската кампања на Саркози илегално се собирани средства со цел трошоците да не го надминат дозволениот максимум од 22,3 милиони евра.