Саркози: Ставот на Оланд кон Русија е неодговорен

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, ја критикуваше политиката на актулениот шеф на француската држава Франсоа Оланд кон Русија.

– Жалам за политиката која сега се спроведува кон Русија, наведе Саркози, коментирајќи го откажувањето на посетата на рускиот претседал Владимир Путин во Париз.

Тој е уверен дека „долг и обврска на Франција и Европа“ е да води дијалог со Русија.

– Како е можно да се решава ситуацијата ако едни со други комуницираме само преку соопштенија за медиумите? Тоа е неодговорно, оценува францускиот политичар, кој има намера следната година да се кандидира на претседателските избори во Франција.

Претходно, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека посетата на Путин во Париз, која беше планирана за 19 октомври, се одлага.

Извори од опкружувањето на францускиот претседател вчера изјавија дека Путин, откако ја одбил француската понуда на состанокот со Оланд да разговара само за Сирија, сака да ја одложи посетата во Париз.