Саркози: Животот ми се претвори во пекол поради парите на Гадафи

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози на судиите кои ја водат истрагата против него за нелегално финансирање на изборната кампањата во 2007 година им рекол дека се лажни обвинувањата оти  примил пари од Либија и дека тоа му го претворило животот во пекол, пишува весникот „Фигаро“.

Весникот го објавил обемното обраќање на Саркози на судиите по дводневното испрашување во притворот за обвинувањата за пасивна корупција и останатите прекршоци.

– Оваа клевета ми го претвори животот во пекол од 11 март 2011 година- рекол Саркози.

Според него, тој бил жртва на лажни обвинувања од Триполи и од француско-либискиот бизнисмен Зијад Такијадин.

Обвинителството ги проверува обвинувањата дека кампањата на Саркози за изборите во 2007 година добила поттик во вид на повеќе милиони евра од сега покојниот либијски лидер Моамер Гадафи.

саркози беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.